ДЕЦА УМЕТНИЦИ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ 2024

И оваа година, по четврти пат, нашата установа е организатор на ликовниот конкурс: „ДЕЦА УМЕТНИЦИ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ“. На конкурсот пристигнаа 63 ликовни творби од трите градинки од кои беа одбрани најуспешните.
Изложбата која произлезе од конкурсот свечено ја отвори директорката г-ѓа Ружица Биџовска, а пред присутните се обрати градоначалникот на Општина центар г-дин Горан Герасимовски кој воедно им ги врачи наградите и дипломите на децата како и благодарниците на нивните воспитувачки за најуспешните ликовни творби.
За време на настанот децата од градинката беа дел од ликовната колонија која се одвиваше во дворот, холот и занималните на Матичниот Објект.
Честитки за наградените, нека им се множат успеси!