ПОФАЛНИЦИ ЗА УСПЕШНИТЕ
Чет, 23/5/2024
На 21.05.2024 во салата на Матичниот објект, градоначалникот на Општина Центар г-дин Горан Герасимовски, согласно Програмата за заштита на деца, ги додели Пофалниците за најдобрите вработени од трите центарски градинки. Истовремено додели и Пофалниците на трите градинки за успешно подготвените театарски претстави во рамки на манифестацијата: „Театар по мерка на децата“.
Честитки за наградените и уште поголеми успеси им посакуваме!
