УЧИМЕ ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК
Чет, 04/7/2024
Уште една успешна година и успешно завршен почетен курс по италијански јазик за децата од нашата градинка. Курсот, за првпат во нашата држава започна да се реализира токму кај нас и тоа во годината кога се одбележуваше 30 годишнината од билатералната соработка помеѓу РС Македонија и Р Италија.
Нашата градинка веќе втора година е партнер на проект: „Нови контексти за италијанскиот јазик во РС Македонија“. Курсот како дел од овој проект се реализира од страна на Институтот Данте Алигиери - Скопје, а самиот проект е подржан и финансиран од Здружението Данте Алигиери од Рим.
Како завршница за децата, нашите идни првачиња кои го посетуваа курсот, им беа доделени сертификати и подароци, а установата и оваа програмска година стекна многу придобивки, пред се меѓународна афирмација, полека доближувајки се кон европските стандарди за квалитет во образованието на децата. Изразуваме во оваа прилика голема благодарност до Институтот и Здружението, како и на сите активни чинители кои овозможија да бидеме дел од овој проект.
А на сите дечиња им посакуваме своите знаења да си понесат со себе и доколку им се допадна италијанскиот јазик да продолжати понатаму да го изучуваат.
