ВЕСЕЛ ДЕТСКИ ДЕН

По повод Деновите на општина Центар, градинката со свои активности се вклучи во нивното одбележување. Во дворот на Матичниот објект со децата од големите групи беа организирани „Игри без граници“, на разновидни полигони. Убавиот есенски ден помина во весела и разиграна атмосфера.