НАЈУБАВИОТ ПОДАРОК

Денес во Матичниот објект беа гости - учесници учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“ кои приредија празничен концерт – музички подарок, вистинско уживање за нашите деца. Учениците преку своите инструменти вешто ја доближија класичната музика до најмалата популација за што пак, децата од градинката, им возвратија со многу аплаузи. Гости во публиката ни беа учениците трето 3 при ООУ „Ј. Х. Песталоци“,.
Огромно БЛАГОДАРАМ упатуваме до раководството на ДМБУЦ кој и оваа година го подржа настанот, како и на сите учесници кои настапија на овој концерт:
1. Илијана Нушева, 3 одд. пијано, класа: проф. Ирена Шахова
- Беркович: Пиеса
- Моцарт: Минует де-мол
2. Лина Костадинова 3 одд. виолина, класа: проф. Наташа Стојановска
Сузуки: Андатино
3. Лука Темелковски 5 одд. виолина, класа: проф. Ирена Шахова
- Лемоан: Етида еф-дур
4. Софиа Пиштолова 6 одд. пијано, класа Викица Костоска Пенева
- Шопен: Полонеза ге-мол
5. Емил Реџепов 3 одд. гитара, класа: проф. Владимир Чадиковски
- Стефановски: Бушава азбука
6. Хатиџе Салиева 6 одд.виолина, класа: проф Аспарух Коневски
Ана Велкова 7 одд.виолончело, класа проф. Маре Видевска
- Пучини: Несун дорма
7. Хатиџе Салиева 6 одд.виолина, класа: проф. Аспарух Коневски
Калина Ангеловска 7 одд.виолина, класа: проф. Петар Поповски
- Чајковски: Лебедово езеро
8. Ива Иванова 7 одд. Пијано, класа: проф. Ирена Шахова
- Шостакович: Валцер це-мол
9. Мартина Китановска 5 одд. Флејта, класа: Симона Марочковска
- Келер: Северен бисер
 
Пијано придружба: проф. Зоран Станишиќ