СЕКОГАШ ПОМЕЃУ НАЈДОБРИТЕ!

Оваа година на 7-та регионалната конференција за наставници на Асоцијацијата BEST TEACHER (https://www.facebook.com/BestTeacherYU) која се одржа во Велика Горица, Загреб Р. Хрватска помеѓу над 300 апликации беа одбрани само 21 на ниво на Ex YU државите. Една од наградените е и нашиот Советник ликовен педагог м-р Ана Цветкоска-Панова, нашиот промотор, нашата гордост!
Со оваа награда нашата градинка стана дел од Асоцијацијата и дел едно големо семејство кое го поврзува меѓусебната подршка, професионализмот и едукацијата, а која има визија да го менува образованието на подобро!