МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦАТА СО УНИКАТНОСТ (ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ)

Во нашата градинка денес го одбележавме Меѓународниот ден на лицата со посебни можности и разговаравме како ние можеме да им помогнеме на нашите другарчиња да бидат прифатени онакви какви што се и да се чувствуваат како дел од нашата заедница.
Меѓународниот ден на лицата со уникатност (попречeност) се одбележува секој 3 декември. Oдбележувањето на овој ден во светски рамки е јавно промовирано за прв пат во 1992 година од Обединетите нации и има за цел да промовира разбирање за прашањата поврзани со попреченост, како и да мобилизира поддршка за достоинственост, правата и благосостојбата на лицата со уникатност.
Потсетуваме дека грижата за најранливите е потребна секој ден, цела година. Нека биде Ден за сите! Не само денес, туку секој ден од годината.