ИГРИ ЗА ГОВОР - БАЈКА ЗА ВЕСЕЛОТО ЈАЗИЧЕ

Правилниот говор кај децата е многу важен фактор, а истиот се развива токму во овој предучилишен период. Затоа денес ви предлагаме една интересна вежба за јазикот, кој всушност е важен орган за изговор на гласовите.

Со вашето дете  прочитајте ја бајката за веселото јазиче, а вежбите кои ви ги нудиме направете ги пред огледало.

Додека го читате текстот, насочете го вниманието на детето кон вашата уста и јазик. Јазикот треба да го претставува Лука, а неговата куќа е вашата уста. Потоа покажувајте му ги сликите и вежбајте пред огледало. Детето треба да ги прави истите движења кои се прикажани на илустрацијата која ја гледа.

Во прилог ви го даваме текстот на бајката и илустрациите за вежбање.

„БАЈКА  ЗА ВЕСЕЛОТО ЈАЗИЧЕ

Во устичката на Лука  имало едно весело јазиче. Тоа било многу непослушно.

Веселото јазиче си имало и дом. Неговиот дом бил многу интересен.

За да не избега јазичето неговиот дом  бил секогаш затворен.

Еднаш веселото јазиче сакало да излезе надвор на чист воздух, но за да излезе треба да му ја отвориме првата врата, а тоа беа усните. И таа останала да стои малку отворена. Ајде да видиме отвори-затвори, отвори-затвори. Ајде сега да ги отвориме и запчињата и оп се појавило јазичето, но надвор му било ладно и одма си се вратило во неговата постела каде што спиело.  Погледни го колку убаво си спие. Нека и твоето јазиче си поспие малку. Одеднаш слушнало некоја убава мелодија ла,ла,ла,ла, па скокнало од неговата постела и се размрдало. Ајде да видиме како ...

(по читањето на текстот следат вежбите кои детето ги прави пред огледало со ваша насока и според илустрациите)

Подготвил: Клинички Логопед- Специјалист

Анета Конеска Ѓорѓев