ЗДРАВА ХРАНА, ЗА ЗДРАВИ ДЕЦА

Драги родители и деца, во услови кога седиме дома и кога внимаваме на сите хигиенски мерки, ајде на интересен начин преку стихотворба на децата да им покажеме колку е важна и здравата исхрана. Несомнено е дека вие како родители на тоа внимавате. Но еве еден интересен начин преку слика на децата да им се долови колку е важно овошјето во исхраната, а воедно со тоа и ќе научат стихотворба плус, за секојдневието да им биде позабавно.
(Стихотворбата е  поткрепена со фотографии, така движете се по нив и полесно ќе ја научите стихотворбата со Вашето дете
 
ЈАБОЛЧЕ ЦРВЕНО
Здраво дечиња
јаболче сум црвено јас,
колку сум важно
сега ќе ви кажам на глас.
 
Дрвото е мојот дом
таму живеам, растам,
рачиња на сите  пружам
со дечиња
да се дружам.
 
Деца полна корпа наберете
за здрави да бидете
јаболчиња јадете
сите да се сладите.
Подготвил, педагог:
м-р Катерина Бутлеска Илиќ