Почитувани родители,
Владата го објави протоколот за градинките во кој се пропишани критериумите за тоа како ќе работат градинките на целата територија на РС Македонија. Тој е составен од три дела кои се однесуваат на установата, на вработените и на родителите.
Во продолжение го објавуваме третиот дел од ПРОТОКОЛОТ ЗА АКТИВНОСТИ ВО УСТАНОВИТЕ ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ И ВОСПИТАНИЕ НА ДЕЦА ПО ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ТРАЕЊЕТО НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА
ПРОТОКОЛОТ ЗА РОДИТЕЛИ
-
Родителите при носење на децата во градинка задолжително да имаат заштитна маска.
-
Да го почитуваат утврденото време за носење на детето во установата, како и просторната дистанца при предавање и земање на детето.
-
Носењето и земањето на детето од градинка да го врши само еден родител, освен во исклучителни ситуации со најава да биде друго лице.
-
Доколку родителот забележи појава на симптоми кај детето (зголемена температура, повраќање или пролив и др.) да не го носи детето во градинка и веднаш да се консултира со лекар.
-
Родителот/родителите пред повторно да го вклучи детето во градинката потребно е да достави потврда од работодавач дека работните задачи задолжително мора да ги извршуваат на работното место.
-
Родителот да обезбеди лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на своето дете.
Со почит,
ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“ – Скопје