Во посета на чичко чевлар
13 Мар, 2024Децата од група „Бубамара“ на возраст од 5-6 години, од објект Јасмин, се запознаа со одредени видови професии и занаети преку нагледни средства и разговор. Во библиотечниот центар читавме и разгледувавме сликовници „Кога ќе пораснам сакам да бидам…“ и „Учителката Ана“, преку кои го збогатија детскиот говор и детските искуства и знаења од областа професии – занаети. Во тековниот ден децата беа во посета на чевларски дуќан каде имаа можност да видат и чујат некои каратеристики на занаетот „Чевлар“, се запознаа и со потребниот алат за работа на чевларот и сл. Подоцна, кога се вративме во нашата занимална децата во уметничкиот центар цртаа со дрвени боици на листови од блок по сеќавање од посетата на чевларскиот дуќан на тема „Во посета на чичко чевлар“. Целта на денешната активност беше децата да ги збогатат своите иксуства и знаења за одредени видови на занаети и професии и нивните карактеристики, воедно да се потикнуваат мисловните процеси кај децата и се богати детскиот говор со нови зборови.
Децата од група „Бубамара“ на возраст од 5-6 години, од објект Јасмин, се запознаа со одредени видови професии и занаети преку нагледни средства и разговор. Во библиотечниот центар читавме и разгледувавме сликовници „Кога ќе пораснам сакам да бидам…“ и „Учителката Ана“, преку кои го збогатија детскиот говор и детските искуства и знаења од областа професии – занаети. Во тековниот ден децата беа во посета на чевларски дуќан каде имаа можност да видат и чујат некои каратеристики на занаетот „Чевлар“, се запознаа и со потребниот алат за работа на чевларот и сл. Подоцна, кога се вративме во нашата занимална децата во уметничкиот центар цртаа со дрвени боици на листови од блок по сеќавање од посетата на чевларскиот дуќан на тема „Во посета на чичко чевлар“. Целта на денешната активност беше децата да ги збогатат своите иксуства и знаења за одредени видови на занаети и професии и нивните карактеристики, воедно да се потикнуваат мисловните процеси кај децата и се богати детскиот говор со нови зборови.