Градинката е безбедна средина која обезбедува правилен раст,  развој, воспитание и образование на деца од 8 месеци до поаѓање на училиште. Таа е установа која нуди здрава исхрана, квалитетна воспитно – образовна работа, и на секое дете му нуди можност да се развива во согласност со своите можности, потреби и интереси. Градинката располага со стручен кадар кој го помага и води развојот на децата согласно Програмата и Стандардите за рано учење и развој на деца до 6 годишна возраст.

Раното учење и развој кај децата до 6 годишна возраст претставува основа за понатамошен успех во рамките на развојот на детето.

Вклучување на сите деца во просецот на рано учење и развој без разлика на полот, етничката и религиозната припадност, социо-економските и културолошките разлики и различните здравствени и посебни потреби.
Организирање на секојдневни активности базирани на Стандардите за рано учење и развој и играта како доминантен инструмент за учење
Амбиент и средина која ке ја потикне љубопитноста, креативноста и иницијативата кај децата и ке овозможи создавање на компетенции и вештини кај децата кои подоцна ке им бидат основа во академскиот живот
Почитување на детските индивидуални потреби,можности и интереси.
Холистички пристап во развој на детето и опфакање на сите аспекти на развој без фаворизирање на поедин аспект
Заедничко делување на заедницата и семејството во потикнување на раното учење и развој кај децата до 6 годишна возраст
Независност и одговорност кон себе и околината, прифакање, почитување, солидарност и толерантно однесување при достигнување на Стандардите за рано учење и развој.
Почитување на различностите.
Чувство на припадност.
Меѓусебно разбирање и соработка.

back1-min