На распишаниот ликовен конкурс, од страна на здружението „Интеракција плус” од Скопје на тема: „Културно наследство”, на кој учествуваа деца од предучилишни установи и ученици од основните училишта од Скопје, со диплома – НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА ЛИКОВНА ТВОРБА се закити нашата Лара Летниковска, од групата „Срнички“ од Матичниот објект, која воедно е единственото предучилишно наградено дете.
На Лара и посакуваме уште многу награди и дипломи, а на нејзините учителки уште многу успешни генерации деца.
За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња за складирање и/или пристап до информациите за уредот.