Велигденско јајце
30 Апр, 2024Децата од група „Авиончиња“ (4-5), објект Јасмин, пееја песна во чест на претстојниот празник Велигден „Чук јајце чукнете“, која ја придружуваа со детски инструменти – тропалки. Потоа слушаа приказна за велигденските обичаи. Активностите продолжија во уметничкиот центар, со декорирање велигденско јајце во две ликовни техники (печатење со нестандарден материјал и мозаично лепење од готови форми). Активностите завршија со поставување на ликовна изложба од изработките.
Цели: да се потикнува ведро и позитивно расположение, да се развива чувството за ритам, децата да стекнат сознанија за велигденските обичаи, да се развива фината моторика на дланките, да се поттикнува креативноста во ликовното изразување, да се откриваат визуелни и тактилни карактеристики на ликовниот материјал, да се развива истрајност во процесот на учење и откривање.