Театарската претстава „Витезот Априлко и Баба Марта“, беше презентирана од страна на децата од Матичниот Објект на 03.04.2025 година. Ова е втората претстава со која нашата установа го заокружува двегодиниот проект посветен на театарот и детето. Театарските активности имаат огромно емоционално влијание врз детето, ја будат неговата имагинација, активност. Предучилишната возраст е одлично време за развој на креативни таленти. Децата од петтата година од животот се среќни да играат и глумат разни улоги, стекнуваат искуства преку разни ликови, преку драмски текстови учат нови нешта и ја сфаќаат својата најблиска околина.
Уживајте во приказната која раскажува за промената на годишните времиња зима и пролет!
За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња за складирање и/или пристап до информациите за уредот.