Советувалиште

 СОВЕТУВАЛИШТА ЗА ДЕЦА И РОДИТЕЛИ ВО ЈУДГ ОЦ „13 НОЕМВРИ“ - СКОПЈЕ
„Во светот на децата“
Работата во советувалиштето во ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“ - Скопје ја врши мултидисциплинарен тим составен од: педагог, социјален работник, лекар, психолог, дефектолог, воспитувач. Во установата е обезбедена посебна просторија за потребите на советувалиштето која е опремена со разновиден едукативен материјал и литература (разни дидактички материјали, брошури, игровен материјал, стручна литература за возрасни, литература за деца и сл.). Во просторијата обезбедени се и аудио-визуелни средства (ЦД плеер,касетофон, камера, фотоапарат, прожектор и видео бим).
Советувалиштето има за цел:
1. Советување за деца
Советувањето за децата опфаќа давање на:
  • помош во прилагодување на децата кон условите на средината во детската градинка;
  • помош при премин на децата од една во друга воспитна група или од една во друга градинка и транзиција во училиште;
  • помош на деца со развојни проблеми;
  • поттикнување на личниот развој на детето;
  • помош преку планирање на соодветни активности, децата са се запознаат со своите права и обврски во рамките на градинката и пошироко.
 2. Советување за родители
  • семејно советување (со двајцата родители);
  • педагошко советување;
  • поддршка на родителите во обезбедувањето на оптимални услови за развој на детето во семејната средина преку подигнување на нивото на педагошка едукација;
  • решавање на комплексни воспитни, педагошки прашања;
  • превентивни активности и развој;
  • активности на планирање, мониторинг и евалуација на заеднички постигнатите резултати;
  • помош на родителите преку разни активности-советодавни, образовни ,организациони.
3. Советување за раководството
  • подршка во процесот на реализација на националниот и курикулумот на градинката;
  • помош о подршка на професионалниот развој;
  • давање на советодавни услуги на раководството на градинката во секојдневното работење;
  • советување со раководството на прашања во врска со организацијата и спроведувањето на секојдневниот живот и работа во градинката, јавна и културна дејност како и градење на позитивна социо - емоционална клима во градинката;
  • советување со раководството во однос на обезбедување на соодветни човечки и материјални ресурси и услови за интеграција на децата со посебни потреби;
  • советување со раководството на потребата за истражувачка и аналитичка работа во градинката, како и за вклучување на градинката во различни развојни, превентивни и иновативни проекти;
  • советување со раководството за подобрување на постоечките и иницирање на нови форми на соработка со родителите, како и начини на активно вклучување на родителите во животот и работата на градинката.
4. Соработката со надворешни заедници и институци
  • проекти за советување во градинка;
  • организирање и учество во стручни советувања од областа во која работи;
  • соработка со институции за обука, педагошки факултети;
  • теоретски предавања и работилници;
  • соработка со медиуми и афирмирање на градинката.
СРЕЌНОТО ДЕТЕ Е УСПЕШНО ДЕТЕ !