ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ УПИС/ИСПИС НА ДЕЦА
Почитувани родители, како една од превентивните мерки за заштита на здравјето, и овозможување на безконтактна административна услуга, нашата градинка ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“ – Скопје воведува нова постапка за електронско поднесување на барања за:
- електронско барање за упис (аплицирање) за нови деца во нашата установа;
- отпишување на деца кои во моментот се запишани;
- Издавање на потврди и други документи поврзани со престојот на децата.
Откако нашата институцијата ќе го добиe барање, по проверката на податоците ќе го контактира барателот телефонски во рок од 5 дена.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ДОКУМЕНТИ
1. Потврда од матичен лекар симната од Веб-страната, а пополнета од матичниот лекар на детето.
2. Фотокопија од здравствена книшка на детето (првата страна и вакциналниот статус на детето).
3. Досие на дете – да се испечати и да се донесе со сите останати документи.
4. Пријава за упис
Уплатите се вршат на образец ПП50.
Документација потребно е да ја доставите уредно пополнета и комплетирана во договорен термин во Матичниот објект кај социјалниот работник.
Приемни денови кај социјалниот работник вторник и четврток од 9-12 часот
За подетални информации јавете се на телефон 072 253 190
Ви благодариме.