ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ПРИ УПИС НА ДЕТЕ

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Од 01.12.2014 година во ЈУДГ ОЦ 13 Ноември – Скопје се воведува нова постапка и документација при упис на децата во истата. Уписите за деца во ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“-Скопје за септември 2015 год. започнуваат од 02.02.2015 год. Истите ќе се спроведуваат согласно Правилникот за прием на деца и согласно новата постапка за упис. Според Правилникот за прием на деца граѓаните-жители на општина Центар се повикуваат да аплицираат до 15.06.2015 год, бидејќи во тој период истите ќе имаат приоритет согласно Критериумите за упис на деца. По тој датум уписите продолжуваат, но бодирањето согласно Критериумите за упис на деца се менуваат. За граѓаните-жители на останатите општини Критериумите за упис на деца преку целата година се исти.


ПОСТАПКА ПРИ УПИС

Уписот опфаќа поднесување електронско Барање за упис на дете од страна на родителот-старател во Установата. Поднесувањето на барањата се реализира во Матичниот објект, кај социјалниот работник и тоа до 20 во тековниот месец. При поднесување на Барање родителот-старател е потребно да понесе лични карти (на увид) од двајцата родители и матичен број на детето.

Поднесените барања се разгледуваат од страна на Комисија за прием на децата формирана во рамките на Установата. За секое барање Комисијата врши известување до родителите кои поднеле барање за прием на детето.

Доколку на барањето за прием комисијата дава позитивен одговор, родителот е потребно да се обрати во Матичниот објект, кај социјалниот работник.

Секое дете кое е примено во Установата (родителот-старател има примено позитивен одговор на Барањето), склучува договор во два примерока (еден за родителот-старател, едниот за документација на Установата). Договорот се склучува во Матичниот објект, кај социјалниот работник и се заверува во службите на Установата.

Родителот добива уплатница и фактура која е должен да ја плати во рокот предвиден во чл. 3 од Договорот за прием на дете.

Поаѓањето на детето во градинка и адаптацијата на истото секогаш започнува на почеток на месецот.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ДОКУМЕНТИ

Пријава за упис на дете симната и електронски пополнета од Веб-страната на градинката (во два примерока)

 

Потврда од матичен лекар симната од Веб-страната, а пополнета од матичниот лекар на детето.
 

Фотокопија од здравствена книшка на детето (првата страна и вакциналниот статус на детето)

Документација потребно е да ја доставите уредно пополнета и комплетирана во Матичниот објект кај социјалниот работник.


ДЕНОВИ ОПРЕДЕЛЕНИ ЗА ПРИЕМ КАЈ СОЦИЈАЛНИОТ РАБОТНИК

Приемот на родителите заинтересирани за упис се врши кај социјалниот работник и е организиран во вторник и четврток во период од 9:00 до 12:00 ч.

ПОСТАПКА ЗА ИСПИС НА ДЕТЕ

Родителите кои планираат да го отпишат своето дете од градинка се должни истото да го најават еден месец пред исписот. Во тој период потребно е да ги подмират своите обврски кон градинката. Една од постапките е и раскинување на договорот за прием на деца за што е потребно да се дојде во Матичниот објект, кај социјалниот работник. Ден определен за испишување на деца е петок во период од 9-12 ч.

За сите подетални информации јавете се на телефонот: 072/253-190