Објекти

ПРОСТОРНИ УСЛОВИ
ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“ престојот на децата го организира во просторни услови кои одговараат на современите архитектонско, педагошко, здравствено - хигиенски барања и современиот начин на живеење. Се ова е резултат на континураното осовременување и реновирање, а со тоа и оплеменување на целокупниот екстериер и ентериер на сите објекти на установата. И наредната програмска година градинката ќе се стреми да продолжи со ваквиот тренд на модернизација. За полесно функционирање и работење на градинката од големо значење е фактот што сите објекти се непосредно лоцирани еден до друг во рамките на територијата на Општина Центар. Проектираниот капацитет на установата изнесува 660 деца, а опфатени се 1000 деца, распоредени во четири објекти: