ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ УПИС/ИСПИС НА ДЕЦА
Почитувани родители, како една од превентивните мерки за заштита на здравјето, и овозможување на безконтактна административна услуга, нашата градинка ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“ – Скопје воведува нова постапка за електронско поднесување на барања за:
- електронско запишување (аплицирање) за нови деца во нашата установа;
- отпишување на деца кои во моментот се запишани;
- како и издавање на потврди и други документи поврзани со престојот на децата.
Барањата треба да го испрати родител/старател на детето и тоа на следната меил адреса: upis@13noemvri.mk
Потребни податоци при поднесување на барањето за упис се следните:
1. Податоци за детето:
Име и презиме
ЕМБГ на детето
2. Податоци за родителот/старател:
Личните карти на двата родитела (скенирани)
Контакт телефон
* При поднесување на барање за упис потребно е родителот/старателот да посочи во кој Објект во рамките на нашата установа планира да го запише своето дете.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ДОКУМЕНТИ
1. Пријава за упис на дете симната и електронски пополнета од Веб-страната на градинката (во два примерока)
2. Потврда од матичен лекар симната од Веб-страната, а пополнета од матичниот лекар на детето.
3. Фотокопија од здравствена книшка на детето (првата страна и вакциналниот статус на детето)
4. Досие на дете – да се испечати и да се донесе со сите останати документи
Документација потребно е да ја доставите уредно пополнета и комплетирана во Матичниот објект кај социјалниот работник.
Потребни податоци при поднесување на барањето за испис се следните:
1. Податоци за детето:
Име и презиме
ЕМБГ на детето
Во кој објект и воспитна група е запишано
Како и подмирени сите обврски кон градинката
Потребни податоци при поднесување на барањето за други потврди и документи:
- Податоци за родителот/старател;
- Податоци за детето:
Име и презиме
ЕМБГ на детето
Во кој објект и воспитна група е запишано
- Вид на потврда/документ кој го бара.
Откако нашата институцијата ќе го добиe барањето, по проверката на податоците и ќе го контактира барателот телефонски или со повратен меил.
Ви благодариме.