Визија


Професионален пристап кон раното учење и развој на децата до 6 годишна возраст, обезбедување стимулативен амбиент кој ги поддржува позитивните искуства и желбата за учење кај децата во текот на раното детство, почитување и градење партнерство со семејството се со цел поуспешно достигнување на Стандардите за рано учење и развој.

Ќе обезбеди континуирано стручно усповршување на кадарот вработен во градинката. Ќе биде дел од едукативните трендови. Ќе организира, реализира и ќе биде дел од разни проекти, јавни манифестации, изложби и едукативни работилници со децата и за децата.

Во иднина ЈУДГ ОЦ „13 НОЕМВРИ“ ја гледаме како современа, транспарентна и прогресивна установа од која ќе бидат задоволни детето, родителот и воспитниот кадар и која перманентно ќе гради партнерски односи со семејството и локалната средина.

Ќе бидеме голема и безбедна градинка во која ќе се негува тимската работа со подршка на родителите и надлежните институции.


ЈУДГ ОЦ „13 НОЕМВРИ“ Е УСТАНОВА ВО КОЈА ВЛАДЕЕ ЉУБОВТА, НЕЖНОСТА,
ГРИЖАТА, НАСМЕВКИТЕ, ВЕДРИНАТА, ПОЗИТИВНАТА МИСЛА, ЖЕЛБИТЕ,
ИГРАТА, БЕЗГРИЖНИОТ СОН, ДРУГАРСТВОТО, ДОБРА АТМОСФЕРА,
ТОЛЕРАНЦИЈА И ОТВОРЕНОСТ ВО КОЈА ДЕТСКИТЕ ИНТЕРЕСИ
И ПОТРЕБИ ЗА ПОСТОЈАН РАЗВОЈ СЕ ПРИОРИТЕТ.