ЖОЛТИ ПИЛИЊА

Децата од групата „Пчелички“, на возраст 2-4 години, од објектот Кукушка земаа активно учество во креативната ликовна активност на тема: „Кокошарник“.
Целта на активноста е оспсобување на децата за обликување на пилиња од креативни материјали, поттикнување на самостојноста во користење на ликовните матеијали, разликување и именување на бои, форми, текстури и негување на креативните вештини. Истовремено децата ги утврдија сознанијата за карактеристиките на домашните птици: петел, кокошка и пилиња.