ВОЗДУШЕН СООБРАЌАЈ

Голема педагошка вредност во усвојувањето на нови поими како и формирање на нови концепти на знаења, игра интересот и мотивацијата за учење кај децата. Тие ги обожуваат сообраќајните средства особено авионите.
Овој месец се запознаваме со воздушниот сообраќај и неговите превозни средства. За децата од возрасната група од 4-6 „Авиончиња“ од Матичен објект, авионот како превозно средство е особено важен. Разговараме за начинот на превоз преку воздух, ја развиваме меморијата, го опишуваме авионот. За таа цел децата ја научија стихотворбата „Авион“, моделираа со пластелин и градеа со ситни коцки.
АВИОН
Дење ноќе по небото,
авионот лета,
како ѕвезда прекрасна
во срце ни цвета.
 
Авионот знајте сите,
најбрз е во лет
патниците тој ги носи
за час низ цел свет.
 
Автор: Ненад Џамбазов (Слонче во авионче)
 
Преку сите овие активности ги збогатуваме знаењата за воздушниот сообраќај и ја развиваме фината моторика. Повелете драги мои другари „Авиончиња“.
Имате ли Вие некоја друга идеа?
Подготвил воспитувач:
М-р Сања Алексоска